По примањето на вакцината заразувањето и смртните случаи се ретки
Заразувањето и смртните случаи од ковид по вакцинирањето се ретки, тврдат британските научници.
Тие објавија податоци добиени од истражување на подгрупа хоспитализирани пациенти со коронавирус во Велика Британија, врз основа на кои заклучија дека има одредено ниво на „неуспех на вакцината“. Ова се случаи кога вакцинираните лица се инфицираат и покрај вакцината, но експертите велат дека тоа „не е неочекувано“. Тоа најчесто се случува во групата која е под најголем ризик од сериозни болести, односно постари луѓе. Кај нив имунитетот е послаб. Испитувања покажаа дека вакцината „Астра Зенека“ е 76 проценти ефикасна, а вакцината на „Фајзер“ над 90 проценти.
foto freepik
Слично
