Економија, финансии, бизнис

Контакт

По празничниот викенд, Британија постави „црн“ рекорд на заразени

По празничниот викенд, Британија постави „црн“ рекорд на заразени

Британија има „црн“ рекорд по појавата на новиот сој на коронавирус. 

Властите денеска пријави 41.385 нови случаи. Новиот сој на коронавирус кој се шири побрзо, ја зголемува стапката на инфекција. Според статистичките податоци на сајтот на владата, забележани се 357 смртни случаи во рок од 28 дена откако добиле позитивен тест на коронавирус. Многу земји ги прекинаа авионските врски со Британија поради мутацијата на коронавирусот, која кај нив почна да се шири. Празничниот викенд донесе повеќе нови случаи. 

Jапонија пак од денеска до крајот на јануари забрани влез за странски државјани во земјата откако беа регистрирани неколку случаи на новата мутација на Ковид-19, објави јапонското Министерство за надворешни работи.

Слично

Поврзани вести