ПО ПЕТСТОТИНИ ДЕНА ЗАТВОР: Новинарите на „Ројтерс“ ослободени
По повеќе од петстотини дена поминати во затвор двајцата новинари на „Ројтерс“ кои беа осудени и затворени во близина на градот Јангон во Мјанмар се ослободени. Тамошните власти ги осудија новинарите добитници на Пулицер за кршење на законот за службена тајна, пренесуваат европските медиуми.
Младите новинари Ва Лон и Кјау Соу О беа осудени на седум години затвор во случајот што предизвика прашања за демократски прогрес на Мјанмар и предизвика незадоволство на дипломати и борците за човекови права.
Кога излегоа од затворот новинарите им мавтаа на присутните новинари, роднини и познаници и изјавија дека се благодарни на меѓународните напори за нивното ослободување. Исто така, тие додадоа дека со нетрпение чекаат да се вратат во редакцијата.
„Ројтерс“ тврди дека двајцата новинари не сториле никакво злосторство.
Фото BBC
