По падот на продажбата на автомобили „Рено“ очекува стабилизација на пазарите
Производителот на автомобили „Рено“ очекува стабилизација на францускиот пазар на автомобили во втората половина на тековната година, во однос на многу лошата втора половина во 2012 година, пренесуваат француските медиуми.
За првите два месеца во 2013, продажбата на новите возила во Франција падна за 13,5%, во однос на падот од 14% во цела 2012 година, пренесе францускиот весник Капитал.
„Мислам дека пазарот во втората половина оваа година ќе почне да се стабилизира, по силниот и нагол пад во 2012 година“ - изјави Жер Стол, комерцијален директор на Групата.
Слично
