ПО ОБЈАВЕНИТЕ РАЗГОВОРИ СО ЕПСТИН: Мирослав Лајчак поднесе оставка
Поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, соопшти дека по објавувањето на неговите комуникации со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, ја напушта својата позиција како советник на словачкиот премиер Роберт Фицо.
Словачкиот премиер Роберт Фицо соопшти дека ќе ја прифати оставката на Лајчак, но за критичарите на Лајчак рече дека долго време не видел „толку лицемерие“, објавува порталот „Дневник Н“.
Во една од преписките, Епстин му нуди жени на Лајчак, додавајќи дека може „да ги земе и нивните сестри“, а подоцна иронично забележува дека веројатно се премлади, бидејќи имаат под 30 години. На тоа, Лајчак одговара: „Не биди злобен. Не знаеш каков сум во акција“.
Во други пораки, двајцата, во шеговит тон, коментирале на „девојки“ во Киев или Москва.Во САД вчера беа објавени нови документи за Џефри Епстин.
Беше објавена најголемата серија судски документи за Епстин, која вклучува три милиони страници, 180.000 фотографии и 2.000 видеа.
Епштајн, милионер познат по дружењето со бројни познати личности, почина во затвор во 2019 година додека чекаше федерални обвиненија за трговија со луѓе.Поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е спомнат во документи поврзани со осудениот сексуален престапник.
foto printskrin youtube
