Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат. 

Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски.

Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не е наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Не се знае кој ќе го замени.

Претходно неделава украинските медиуми објавија дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Медиумите ги нарекоа руски агенти. Двајцата се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти  канцеларијата на главниот украински обвинител. Двајцата се обвинети за предавство, а еден беше обвинет за подготовка на терористички акт. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година, а според украинските власти оттогаш имало повеќе обиди за атентат на Зеленски. 

Слично

Поврзани вести