По невремето, полицијата во Италија најде жена која две и пол години седела мртва во кујната
Жена во Италија, две и пол години седела мртва во својата кујна.
Полицијата во градот Престина, на јужниот дел од езерото Комо, пронашла тело на жена која била мртва две и пол години. Маринела Берета (70) ја продала својата куќа, но го задржала доживотното право на користење. Новиот сопственик, Швајцарец не доаѓал често, па не знаел дека Берета е со нарушено здравје. По невремето, телото на жената е најдено во куќата.
Полицијата го пронашла телото на жената по дојава на соседите. Тие мислеле дека Берета одамна се иселила, а бидејќи паднале некои стебла, му се јавиле на новиот сопственик, кој повикал полиција и така телото е пронајдено. Полицијата претпоставува дека Берета починала од природна смрт.
Во невремето во Италија, на повеќе локации имаше паднати дрвја кои повредија повеќе луѓе. Невремето направи хаос и во Милано.
