Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) По неколку дена борби Украинците ја ослободија Балаклија, луѓето со солзи во очите ги гушкаат војниците

(ВИДЕО) По неколку дена борби Украинците ја ослободија Балаклија, луѓето со солзи во очите ги гушкаат војниците

Жителите на ослободената Балаклија со солзи во очите ги гушкаат украинските војници. 

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа. Украинските војници по неколку дневните борби успеаја да ги принудат руските трупи да се повлечат од градот. 

Балаклија се наоѓа на околу 70 километри југоисточно од градот Харков, во центарот на територијата каде Украина започна голема контраофанзива. На видеото објавено на Твитер  се гледаат мажи и жени кои излегуваат од зградата за да ги прегрнат војниците.

Украина почна контраофанзива со цел да ги врати окупираните територии. Војната почна на 24 февруари, а во окупираните територии ќе има референдум за да се изјаснат дали се за спојување со Русија. 

Принтскрин Твитер

Видеото можете да го видите тука. 

Слично

Поврзани вести