Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО НЕГО ТРАГА ЦЕЛА ЕВРОПА: Терористот Салах Абдеслам се уште на слобода

ПО НЕГО ТРАГА ЦЕЛА ЕВРОПА: Терористот Салах Абдеслам се уште на слобода

Најбараниот терорист Салах Абдеслам кој се смета дека има клучна улога во нападите во Париз се уште е на слобода.

Моментало за него е распишана меѓународна потерница и има сомнежи дека се крие во Брисел.

Бритаскиот „Дејли мејл” пишува дека Абдеслам наводно разговарал преку скајп со тројца пријатели кои требало да му помогнат да стигне до Сирија.

Белгија во моментот е како воена зона. Илјадници полицајци и безбедносни служби се распоредени по улиците, обични минувачи речиси и да нема, а училиштата и метроата се затворени.

Белгиските власти соопштија дека денеска биле уапсени уште пет осомничени лица во полициските акции во Брисел.  Сепак, најбараниот терорист се уште е во бегство. Дваесетишестгодишниот Салах Абдеслам е роден во Белгија, а по националност е Французин.

25749golema

За полицијата се уште е нејасно каква улога имал Салах во Париз. Дали тоа било логистика или и тој требало да се саморазнесе, како неговио брат кој загина како бомбаш-самоубиец во нападите во Франција.

Постои сомнеж дека најбараниот терорист може да се крие и во Германија.

Австрискиот министер за внатрешни работи потврди дека Абдеслам пред два месеци влегол во Австрија од Германија. Но за која цел, и каде престојувал се уште нема официјални податоци.

Слично

Поврзани вести