Економија, финансии, бизнис

Контакт

По нападот во Манчестер, Столтенберг бара НАТО да преземе мерки против тероризмот

По нападот во Манчестер, Столтенберг бара НАТО да преземе мерки против тероризмот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека бруталниот напад во Манчестер, покажува дека НАТО на средбата со американскиот претседател, Доналд Трамп мора да се согласи да се направи повеќе во борбата против тероризмот.

„Очекувам дека членките на НАТО ќе се согласат да се засили борбата против тероризмот, не само поради нападот во Манчестер“-  рече Столтенберг, на денешната прес-конференција.

Борбата против тероризмот ќе биде на врвот на агендата на состанокот закажан за утре во Брисел. Ова ќе биде прв состанок на НАТО на кој ќе присуствува и Трамп.

Организацијата „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот на 22 мај на концерт во Манчестер, при што загинаа 22 луѓе, а околу 60 се повредени. Бомбаш самоубиец поставил експлозив при крајот на концертот. Многу од жртвите се деца, а најмалото е осумгодишно девојче.

Коалицијата предводена од САД, има 68 членки и се бори против „Исламската држава“. Сите 28 членки на НАТО се во коалицијата, но како одделни земји. Столтенберг смета дека ако НАТО како целина стане членка, ќе се зголеми значително координација во борбата против ИД во Сирија и во Ирак.

Слично

Поврзани вести