По нападот на Менхетен Трамп ја затегнува контролата за „зелените карти“
Потемелно истражување на кандидатите за Зелена карта - за тоа повика американскиот претседател Доналд Трамп откако стана јасно дека напаѓачот од Менхетен, кој уби 8 души, поседувал документи за постојан престој во САД, пренесува BBC.
Сторителот на нападот е 29-годишниот Сајфуло Саипов, со потекло од Узбекистан, кој пристигнал во САД во 2010 година, и успеал да добие зелена карта, при што се смета дека постојаната адреса му се наоѓал или во Флорида, или во Њу Џерси.
Саипо бил застрелан од полицијата, а потоа уапсен и однесен во болница без опасност за живот.
Неговиот мотив е јасен, но постојат докази што го поврзуваат со терористичката група Исламска држава.
Слично
