Економија, финансии, бизнис

Контакт

По нападите во Франција гори камп на илегални имигранти

По нападите во Франција гори камп на илегални имигранти

Пожар избувнал синоќа во бегалскиот камп во околината на францускиот град Кале, каде живеат неколку илјади илегални имигранти од Азија и Африка.

Никој не е повреден во инцидентот, објавија од полицијата на Па-де-Кале. Пожарот зафатил површина од околу 2.500 квадратни метри. Пожарот е изгаснат, повредени нема, изјавила заменик портпаролот Режи Елбез.

Властите истакнуваат дека овој инцидент на никаков начин не е поврзан со терористичките напади во Париз.

Според првичните податоци причината е краток спој на електричната инсталација. Во овој момент во Па-де-Кале, каде е најкраткиот пат за Велика Британија, живеат околу 6.000 имигранти.

Живеат во кампот „џунгла“, како што е популарно познат, немаат легитимен статус, но владата фактички го дозволува нивното постоење и не спроведува никакви мерки за ликвидацијата на кампот.

Таму постојано се трупаат нови имигранти и напнатоста расте, што ги тера властите да праќаат нови полициски сили за обезбедување на мирот и безбедноста во регионот. Сега редот таму го обезбедуваат повеќе од 1100 полицајци.

Слично

Поврзани вести