Економија, финансии, бизнис

Контакт

По напад со украински дронови, жртви има во Самара

По напад со украински дронови, жртви има во Самара

Четворица луѓе се убиени во украински напад со дронови во југозападна Русија. 

Гувернерот на Самара, Вјачеслав Федоришчев, изјави дека четири лица загинале, а едно е повредено.

Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, пак, напиша на Телеграм дека една жена е повредена во нападите со украински беспилотни летала и дека прозорците во два станбени блока и неколку автомобили се оштетени.

Украинската војска соопшти дека повторно цел на нападите биле рафинериите за нафта во регионите Саратов и Самара.

Руската инвазија на Украина трае повеќе од 3.5 години. 

Слично

Поврзани вести