Економија, финансии, бизнис

Контакт

По најавите дека ја напушта Италија, Фиат ќе инвестира една милијарда евра во Торино

По најавите дека ја напушта Италија, Фиат ќе инвестира една милијарда евра во Торино
По најваите на Фиат дека ќе ја напушта Италија, вчера, од компанијата, по состанокот со претставници на синдикатот, информираа дека Фиат ќе инвестира речиси една милијарда евра во Торино во фабриката Мирафиори, каде ќе го произведува моделот Масерати 4х4. Како што пренесува Ројтерс, синдикатите го прифатиле колективниот договор за работа, признавајќи дека е неопходен предуслов за продолжување на ангажманот на Фиат во Италија, стои во заедничкото соопштение на компанијата и синдикатите. Шефот на Фиат, Серџо Маркионе, изјави дека компанијата веднаш ќе започне со планот за инвестирање потребно за продуктивни вработувања и за иднината на фабриката Мирафиори. Генералниот секретар на синдикатот УИЛ, Луиџи Анделети, изјави дека со тоа се овозможува производство на Масерати 4х4, за што треба да започнат подготовките. Тој додаде дека очекува производството да започне 2014 година, до кога вработените ќе бидат на принуден годишен одмор поради технички причини.  
Слично

Поврзани вести