Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО МИНАТОНЕДЕЛНИТЕ ЗАГУБИ: Акциите во добро расположение зачекорија во новата недела

ПО МИНАТОНЕДЕЛНИТЕ ЗАГУБИ: Акциите во добро расположение зачекорија во новата недела

Акциите на европските берзи и на Волстрит во позитивно расположение зачекорија во оваа недела, опоравувајќи се делумно од минатонеделните загуби.

Германскиот индекс DAX во попладневните часови зајакна за 1,6 отсто, францискиот KAK 40 за 1,3 отсто, а британскиот FTSE за 1,2 oтсто.

Волстрит на почетокот на тргувањето забележа солиден раст, благодарение на опоравувањето на енергетските компании.

Широкиот индекс S &P 500 скокна за 27 поени или 1,0 отсто на 2.646 поени, индустрискиот Дау Џонс за 278 поени или 1,2 отсто на 24 468 поени, а технолошкиот Nasdak за 75 поени или 1,1 отсто на 6 950 поени.

Доларот скокна на 108, 68 јени од 108,53 од петокот, додека еврото падна на 1.2257 долари од 1,2231 долари.

Во Азија, индексот Ханг Шенг падна за 0,2 отсто, а Токиската берза денес била затворена поради државен празник.

Слично

Поврзани вести