По масакрот во џамии во Нов Зеланд Исламска држава најавува крвопролевање и одмазда
Водачот на терористичката организација Исламска држава ги повика екстремистите и сволите следбеници да се „одмаздат“ по пукањето во џамиите на Нов Зеланд.
Еден од водачите на терористите Абу Хасан ал Мухајир, наводно го објави повикот на следбениците во 44-минутна аудио снимка, пренесе Daily mail.
Брентон Тарант, терорист во петокот уби 50 луѓе во две џамии на Нов Зеланд.
Ал Мухајир го прекина шест месечното молчење за да повика на одмазда.
-Сцените од масакрот во двете џамии би требало да ги разбудат оние кои беа измамени и би требало да ги поттикне следбениците на калифатот да ја одмаздат својата религија-рекол тој.
Слично
