По малку Британци ќе одмораат во земјите од Европската унија заради Брегзит
Британците оваа година помалку ќе одмораат во земјите од Европската унија, покажуваат податоците на тур-операторот„Томас Кук“, пренесуваат британските медиуми. Главната причина според организаторот на туристички патувања е несигурноста од последиците од Брегзит.
Според „Томас Кук“ повеќе од половината продадени летни одмори кај Британците до крајот на месец Февруари, не се за дестинации кои се во Европската унија.
Од агенцијата соопштуваат и дека кај
британските туристи најпосакувана дестинација за одмор е сеуште Шпанија. Втора
дестинација најбарана за одмор кај Британците е Турција.
Извршниот директор на „Томас Кук“ изјавил дека уште е рано да се каже која ќе е најбараната дестинација за годишен одмор, посебно со одлагањето на Брегзит до крајот на Октомври.
Исто така според него Брегзит влијае врз туристите со тоа што британците ги оставаат своите планови за годишен одмор до последен момент, што не било случај пред Брегзит.
