Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Лувр, ограбена е лабораторијата за преработка на злато во Лион

По Лувр, ограбена е лабораторијата за преработка на злато во Лион

Само една недела по кражбата во Лувр, ограбена е лабораторијата за преработка на злато во францускиот град Лион.

Напаѓачи вооружени со oружје и експлозиви провалиле во лабораторија за преработка на скапоцени метали, главно злато, во Лион и ја ограбиле, но набрзо ги фатила полицијата, објавија денес француските медиуми.

По потерата, полицијата уапсила петмина осомничени за грабежот, кај кои го пронашла пленот, објави „Фигаро“.

Разбојниците, користејќи експлозиви, провалиле во лабораторијата „Пуркери“ во 7-миот арондисман на Лион, а потоа избегале со комбе.

Поради провалата во музејот Лувр во Париз, од каде што беа украдени неколку парчиња накит од колекцијата на Наполеон, синоќа беа уапсени уште пет осомничени. 

foto EPA/YOAN VALAT

Слично

Поврзани вести