Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ЛУВР ЕВАКУИРАН И ВЕРСАЈСКИОТ ДВОРЕЦ! Општ аларм низ Франција, пристигнале заканувачки пораки (ВИДЕО)

ПО ЛУВР ЕВАКУИРАН И ВЕРСАЈСКИОТ ДВОРЕЦ! Општ аларм низ Франција, пристигнале заканувачки пораки (ВИДЕО)

Версајскиот дворец во Париз е евакуирана поради закана за бомба, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на полициски извори.

Се додава дека на веб-страницата moncomišariat.fr е добиена анонимна дојава, а замокот ќе биде затворен до крајот на денот.


Претходно во текот на денот, поради закана за бомба беше затворен и познатиот музеј Лувр, јави француската ТВ БФМ повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, околу пладне, а посетителите морале веднаш да ја напуштат зградата.

Информација за затворањето на Лувр објави и управата на музејот на платформата Икс (Твитер), па музејот ќе остане затворен до крајот на денот.

„Од безбедносни причини, Лувр е затворен за денеска. На посетителите кои купиле билети ќе им бидат вратени парите“, соопштија од Лувр.


Франција го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво од петокот вечерта, по убиството на учителот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во Арас. Во тој инцидент уште три лица се тешко повредени, меѓу кои и напаѓачот.

Безбедносно предупредување на највисоко ниво

Највисоко ниво на безбедносна тревога беше прогласено во петокот во Франција.

Да потсетиме дека францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници со цел да се засилат безбедносните патроли во земјата, еден ден откако 20-годишен исламски екстремист избоде до смрт локална учителка во средно училиште во градот Арас.

– Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво, по смртта на наставникот кој беше избоден со нож во средно училиште – изјави за „ТФ1“ францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин.

Кабинетот на Макрон соопшти дека воената мобилизација ќе се спроведува до понеделник навечер и ќе продолжи до понатамошно известување со редовни патроли во главните градски центри и популарните туристички локации.

Кабинетот на францускиот претседател потврди дека француските безбедносни сили спречиле нов „обид за напад“ во друг регион, без да прецизираат во кој регион.

– Училиштето во Арас беше цел на варварскиот исламистички тероризам – изјави Макрон по посетата на училиштето, велејќи дека жртвата „веројатно спасила многу животи“ со неговата храброст во обидот да го блокира напаѓачот.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести