Економија, финансии, бизнис

Контакт

По контроверзните изјави за криминалци и силувачи – Трамп во посета на Мексико

По контроверзните изјави за криминалци и силувачи – Трамп во посета на Мексико

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, денеска е во кратка посета на Мексико.

Тој напиша порака на Твитер дека со нетрпение ја очекува средбата со мексиканскиот претседател, Енрике Пења Нието.  Нието упатил покана и кон кандидатот на демократите Хилари Клинтон. Според зборовите на Нието дијалогот ќе помогне „за заштита на Мексиканците, каде и да се наоѓаат тие“.

Претходно Трамп го критикуваше Мексико дека е дом на силувачи и криминалци. Тој ги осудуваше мексиканските доселеници, заканувајќи се дека ќе изгради ѕид на границата меѓу двете земји. Трамп во Аризона треба да одржи говор со неговиот предлог за имиграционите политики.

Во текот на својата кампања Трамп изјави дека ќе создаде сили за депортација кои ќе треба да протераат околу 11 милиони странци кои илегално живеат во САД. По контроверзните изјави за имигрантите од Мексико кои живеат во САД, мексиканскиот претседател го спореди Трамп со Хитлер.

Слично

Поврзани вести