По компјутерскиот пад „British Airways“ се соочува со загуби од 150 милиони фунти
Загубите на најголемата британска авиокомпанија „British Airways“ од колапсот на компјутерскиот систем „Скај' можат да достигнат 150 милиони фунти (190 милиони долари).
Оваа сума ја вклучува и исплатата на надоместокот на патниците во износ од 225 до 540 фунти, тврдат британските медиуми, повикувајќи се на експерти.
Поради падот компанијата поништи за време на викендов над 1.000 летови.
Денес водечкиот авиопревозник на Велика Британија увери дека ќе го исполни распоредот на летовите на големи растојанија и „многу значаен дел од летовите на кратки растојанија“.
Експертите тврдат дека падот се должи на проблеми со електричната енергија и не е плод на сајбер нападите. Ова беше потврдено и од шефот на компанијата Алекс Круз.
Системот “Скај“ беше воведен минатата година и веднаш стана непопуларнен меѓу вработените. Според зборовите на многу од нив, тој не издржа големи оптоварувања и јазабавува нивната работа.
