Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО КАВГА СО СОПРУГОТ СИ ГИ УБИЛА ДВЕТЕ ДЕЦА, ПОМАЛОТО ИМАЛО САМО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ: И мајката потоа се самоубила, крваво злосторство на Флорида

ПО КАВГА СО СОПРУГОТ СИ ГИ УБИЛА ДВЕТЕ ДЕЦА, ПОМАЛОТО ИМАЛО САМО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ: И мајката потоа се самоубила, крваво злосторство на Флорида

Жена од Флорида по расправија со сопругот ги убила своите два малолетни синови, а потоа се самоубила.

Таткото ги пронашол нивните тела кога влегол во куќата во Ленд О'Лејкс северно од Тампа. Шерифот Крис Ноко не ги објави имињата на мајката и децата, но рече дека постарото синче имало три години, додека помладото само девет месеци, пренесува Блиц.

Ноко рече дека пред убиството имало кавга меѓу родителите и дека таткото не бил дома кога се случило пукањето. Тој додаде дека таткото соработува со надлежните.

Шерифот рече и дека оваа трагедија е показател дека земјата е во „ментална здравствена криза“.

„Мораме да продолжиме да зборуваме сè погласно и погласно“, рече Ноко, додавајќи дека околу 80 отсто од дојдовните повици се поврзани со менталното здравје.

Ноко рече и дека оваа трагедија погоди и потресе многумина. „Не може да биде нормално мајката да си ги убива децата“, рече тој.

ФОТО: YouTube Printscreen

Слично

Поврзани вести