ПО ИЗЈАВАТА НА ПУТИН: Мелони кажа како може да се врати мирот во Украина
Русија лесно може да го врати мирот во Украина, вели италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Кажа дека тоа ќе се случи ако Русија се повлече од нелегално окупираните територии.
„Потребно е враќање на целосниот територијален интегритет и суверенитет на Украина“, рече Мелони за време на говорот на виртуелниот самит на Г20.
Извори во резиденцијата на италијанската премиерка велат дека таа испратила нова осуда за постапките на Москва, поради, како што додаваат изворите, „сериозните последици и штети предизвикани за најсиромашните земји“.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето на Самитот на Г20 рече дека треба да се размислува како да се врати мирот во Украина, заради запирање на „трагедија“. Украина неодамна оствари мал напредок по течението на реката Дњепар.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани.foto Facebook.com/Georgia Meloni
