По инцидентот во Турција: Берзите низ целиот свет тргнаа надолу, цената на нафтата расте
Откако рускиот претседател Владимир Путин ги нарече активностите на Турција во соборувањето на рускиот Су-24 како „удар во грбот од приврзаниците на терористите“, цената на европската нафта скокна за повеќе од 2%.
Јануарскиот договор на нафтата е веќе 45,66 долари за барел - кон 15:55 часа откако беше достигната цена 45,83 долари за барел. Најлесната сурова нафта пак порасна на 42,37 долари за барел.
Одекот на берзите исто така е многу сериозен. Рускиот индекс „RTS“ падна за 4%, додека Истанбулската берза падна за 3,1%. Огромен пад има и во вредноста на најголемата руска банка - „Сбербанк“. Таму намалувањето е за 4,2% засега.
Намалување има и на други светски берзи. „Dow Jones“ засега се лизна за 0,62%, „S & P 500“ забележа пад од 0,66%, а британскиот „FTSE 100“ се намали за 1,21%.
