Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО РУСКАТА РАКЕТА: Полска упати протестна нота до Русија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО РУСКАТА РАКЕТА: Полска упати протестна нота до Русија

Полска упати протестна нота до Русија. 

Полското Министерство за надворешни работи oбјави дека за инцидентот со руската ракета му врачило нота на вршителот на должноста на руската амбасада во Варшава, Андреј Ордаш.

„Заменик министерот за надворешни работи Владислав Теофил Бартошевски се јави кај вршителот на работи на Руската Федерација Андреј Ордаш и му врачи нота во која Министерството за надворешни работи бара објаснување за инцидентот со инвазијата на полскиот воздушен простор со крстосувачка ракета и ваквите дејствија веднаш да се прекинат“, стои во соопштението.

Оперативната команда на полските вооружени сили претходно вчера објави дека неидентификуван летечки објект од Украина навлегол во воздушниот простор на земјата.

Полскиот претседател Анджеј Дуда затоа свика итен состанок со раководството на Министерството за одбрана.

Ордаш кажа дека не му биле презентирани никакви докази, туку само неосновани обвинувања дека ракетата што ја прелетала територијата на Полска била руска.

„Ми беше врачена белешка со неоснована изјава дека воздушен објект, кој полските експерти го идентификуваа како руски проектил, наводно го нарушил полскиот воздушен простор утрото на 29 декември“, изјави Ордаш за новинската агенција РИА.

Тој додаде дека не се обезбедени докази за наводите.

Руски проектил влегол во Полска на речиси три минути, пред да сврти кон украинскиот воздушен простор. Генералот Вјеслав Кукула изјави дека еден од проектилите лансирани од Русија вчера патувал 40-ина километри низ полскиот воздушен простор. Нема извештаи дека се случила експлозија.

Слично

Поврзани вести