По грешка го фрлил хард дискот со биткоини за 7.5 милиони долари
Откако цената на биткоинот вчера стигна 1.000 долари виртуелната валута стана висока инвестиција за луѓето. Но има такви луѓе кои заборавиле дека купиле биткоини пред години и во моментов разбираат дека се богати . Приказните на не сите од нив сепак се со среќен крај .
Оваа на британскиот IT специјалист, Џејмс Хаулс веројатно е со тажен крај. Според Guardian , Хаулс " ископал" 7 500 биткоини во 2009 година , кои ги чувал на хард дискот до минатото лето, кога го исфрлил дискот без да сфати дека со него се лишува од богатство.Во тоа време неговите биткоини вределе околу 675 000 .
Сега тие чинат 7,5 милиони долари. Хаулс го исфрлил хард дискот на депонија во близина на Њупорт , Велс , кое е со големина на фудбалско игралиште . Тоа значи дека тој во моментов е погребан некаде под еден метар отпад . Најлошото е дека Хаулс не направил резервна копија.
"Во моментов сум на сцената , да плачеш ли да се смееш", изјавил Хаулс за Guardian . " Зошто не сум на депонијата со лопата во раце во моментов ? Мислам дека едноставно сум се помирил дека никогаш нема да го најдам“ .
Слично
