Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ГЕРМАНИЈА - И Франција и Шпанија немаат ништо против користење на руската вакцина

ПО ГЕРМАНИЈА - И Франција и Шпанија немаат ништо против користење на руската вакцина

Франција и Шпанија се отворени за употреба на руската вакцина Спутник V, доколку ги исполнува стандардите и е одобрена од ЕМА, објавија двете земји.

„Спутник ќе може да се дистрибуира во Франција доколку ги исполнува научните стандарди и европските услови“, рече францускиот министер за надворешни работи Жан Ивс Ле Дријан.

„Ако Спутник е одобрен од Европската агенција за лекови (ЕМА) и во Франција од страна на високите здравствени власти, нема причина да се блокира неговата дистрибуција доколку ги исполнува научните стандарди и задолжителните барања и контроли во Европа“, додаде министерот.

„Вакцините немаат државјанство. Важно е да имате вакцина што работи", рече француското Министерство за надворешни работи.

И Шпанската влада е отворена и за идејата за употреба на руска вакцина за коронавирус, веднаш по одобрувањето од ЕМА.

„Оваа влада отворено и со ентузијазам ќе ја поздрави секоја вакцина што има одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА). Тоа е единствениот услов“, рече шпанската министерка за здравство Каролина Даријас пред парламентот.

Ова следува откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е склона да ја користи руската вакцина во Европа, следејќи ги позитивните научни резултати за нејзината ефикасност.

Вакцината Спутник V, за која Русија е обвинета дека не е доволно транспарентна, е ефикасна 91,6 проценти против симптоматските форми на коронавирус, покажуваат резултатите објавени вчера во медицинското списание „Лансет“ и потврдени од независни експерти.

Слично

Поврзани вести