Економија, финансии, бизнис

Контакт

По двегодишна борба, стриптизерките се изборија за постојано вработување

По двегодишна борба, стриптизерките се изборија за постојано вработување
Американскиот синдикат добил две нови хероини . Всушност американскиот федерален суд им одобрил 13 милиони долари отштета на двe танчерки кои покренале колективна тужба поради лошите услови во нивната бранша. Двете танчерки  , вработени во ноќниот клуб Spearmint Rino  во Калифорнија  Christeen Rivera и Trasy Trauth  во тужбата навеле дека управата на ноќниот клуб во кој што биле вработени, бара од нив да извршуват задачи како да се вработени во постојан однос, а тие всушност биле плаќани хонорарно и не им било плaтено здравствено осигурување како и други доприноси. Нивните колешки од Невада ,Кентаки, Тексас и Флорида им се придружиле во колективната тужба. Тие докажале дека во просек годишно добиваат околу 500.000 долари, но поголемуот дел го земаат клубовите. Тие самите морале да ги плаќаат диџеите, а ако во текот на ноќта не наговорат доволно клиенти да купат пијалок, морале да платат казна. После двегодишна правна битка , ноќните клубови се согласија во рок од шест месеци на тaнчерките кои имале статус на невработени да добијат постојана работа, да станат партнери или  ко-сопственици во клубовите каде што работат. Експертот за секс индустријата  Melisa Grant, напиша дека тоa е голем чекор за оваа група на жени кои се соочени со отпор секогаш кога ги бараат своите права и трпaт подсмев  во медиумите секогаш кога ќе успеат во нешто. „Стриперството е услужна дејност , а за разлика од другите  дејности во тој сектор,  повеќето од нив се жени , а тие имаат право на поштен третман‘‘ – вели Melisa Grant.
Слично

Поврзани вести