Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ДВЕ ОГРОМНИ ТРАГЕДИИ: Откази во Малезија Ерлајнс

ПО ДВЕ ОГРОМНИ ТРАГЕДИИ: Откази во Малезија Ерлајнс
Малезиската авиокомпанија „Малезија Ерлајнс“ ќе отпушти дури 6.000 работници во рамките на реорганизацијата чија цел е заздравување на компанијата по двете огромни трагедии со авиони на оваа компанија. Во март авион на малезискиот авиопревозник исчезна на релацијата Куала Лумпур - Пекинг со 227 патници и 12 членови на екипажот и до денес не е пронајден. Само неколку месеци подоцна, друг авион со 298 патници и членови на екипажот се урна во источна Украина откако најверојатно бил соборен со ракета. Двете огромни трагедии предизвикаа драстичен пад на бројот на патници во авионите на „Малезија Ерлајнс“, а довербата на клиентите во оваа авиокомпанија е сериозно разнишана. Заради тоа „Малезија Ерлајнс“ планира намалување на бројот на вработени за 30% од сегашните речиси 20.000. Освен ова, за да се извлече од проблеми, авиокомпанијата нуди огромни попусти. Така сега повратна карта за летот меѓу Куала Лумпур и Пекинг може да се купи за 238 долари, додека другите авиопревозници истата карта ја продаваат за повеќе од 500 долари. Но, и покрај тоа малезиската авиокомпанија на некои летови речиси воопшто нема патници. Нето-загубите на „Малезија Ерлајнс“ во вториот квартал од годинава се речиси дуплирани. Заради инцидентите и силната конференција компанијата досега бележи пад на резервациите за 6,7%, но целосните последици од двете катастрофи веројатно ќе се почувствуваат до крајот на годината.  
Слично

Поврзани вести