Економија, финансии, бизнис

Контакт

По две децении опозиција во Белорусија, изборите сепак нефер

По две децении опозиција во Белорусија, изборите сепак нефер
Иако на парламентарните избори во Белорусија две пратенички од опозицијата по две децении добија мандати во новиот состав на Парламентот, ОБСЕ и понатаму дава негативна оценка. „Изборите во Белорусија во ниту еден случај не беа слободни и фер“ соопшти началникот на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Белорусија, Кент Харстед. ana-konopatskaya Ана Конопацкаја од Обединетата граѓанска партија победи во округот на Минск. Оваа либерално-конзервативна партија се противи на владеењето на претседателот Александар Лукашенко, кој управува со земјата повеќе од две децении. Втората избрана пратеничка од опозицијата е Алена Анисим од Друштвото за белоруски јазик. Со неслободните избори Белорусија не може да се пофали дека направила демократски исчекор и понатаму е под силна контрола на претседателот Лукашенко кој ја управува земјата како во Советскиот период со едноумие и без простор за останатите политички субјекти.
Слично

Поврзани вести