По долго време Зеленски го напушти Киев, го посети Mиколаев
За прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети јужниот град Миколаев. Од кабинетот на Зеленски не кажуваат кога точно го посетил Миколаев. Градот е сериозно оштетен од војната. Ден претходно во Миколаев загинаа две лица, а 20 беа повредени.
„Претседателот изврши увид во зградата на регионалната државна управа на Миколаев, која беше уништена како резултат на ракетен напад на руските сили“, се вели во соопштението.
Ова е едно од ретките патување на Зеленски надвор од Киев. Миколаев е лоциран на околу 100 километри северозападно од Керсон, кој падна во рацете на руските сили во првите недели од војната. Украинската полиција претходно соопшти дека се спречени неколку обиди за атентат на Зеленски.
