Економија, финансии, бизнис

Контакт

По децении на власт на Кастро фамилијата Куба со нов претседател

По децении на власт на Кастро фамилијата Куба со нов претседател

По речиси шест децении на власт на семејството Кастро конечно Куба добива нов претседател кој е надвор од оваа долговечна политичка династија која со двоецот Фидел и Раул владееше со малата островска држава.

За нов претседател на Куба едногласно е избран Мигел Дијаз-Канел кој ја доби поддршката од партијата и од Националното собрание на народната власт. 

Според кубанскиот устав, претседателот на Државниот совет е и шеф на државата и владата. Се избира за 5 години.

57-годишниот Дијаз-Канел доаѓа на местото на 86-годишниот Раул Кастро и сега се очекуваат поголеми политички реформи во Куба која инаку е под жестоки санкции на САД. 


Слично

Поврзани вести