Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ЦЕЛИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ БЕГСТВО УАПСЕНА ЕДНА ОД НАЈБАРАНИТЕ ЖЕНИ ВО ЕВРОПА: Од инфлуенсерка до кралица на кокаинот

ПО ЦЕЛИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ БЕГСТВО УАПСЕНА ЕДНА ОД НАЈБАРАНИТЕ ЖЕНИ ВО ЕВРОПА: Од инфлуенсерка до кралица на кокаинот

Шпанската полиција ја уапси една од најбараните жени во Европа, инфлуенсерката Тања Гомез на островот Ланзароте. Тања Гомез (32) некогаш беше позната манекенка на Инстаграм, а потоа стана кралица на кокаинот на Европа и најбарана жена.

Гомез, која се претставуваше како активист за спасување на кучиња, беше обвинета за трговија со дрога, перење пари и формирање криминална организација.

Според Европол, Гомез наводно користела мрежа за спасување кучиња како фронт за криминални активности. Додека промовирала хуманитарна работа на социјалните мрежи, наводно заработувала шверцувајќи големи количини на дрога и пари за разни криминални организации. Таа е обвинета и за незаконско посредување во транспортот на животни низ Европа.

Гомез е во бегство од март 2021 година, кога шведската полиција ја откри нејзината поврзаност со дрога и перење пари за време на рација на менувачница во Стокхолм.

Во текот на истрагата е откриено дека Гомез не само што префрлала пари за криминалци, туку и лично поседувал голема количина кокаин. После тоа Гомез исчезна и беше во бегство.

Според порталот „Ланзароте Дигитал“, шпанската полиција на почетокот на февруари добила информација каде се наоѓа. Инспекторите ја пронашле и уапсиле на 20 февруари во градот Тиас, Ланзароте. Портпаролката на шпанската полиција го потврди апсењето, а шведскиот обвинител најави дека ќе биде поднесено барање за екстрадиција.

Тања Гомез, која очигледно живее во Ланзароте веќе неколку години, сега се соочува со сериозни кривични пријави кои можат да имаат далекусежни последици за нејзината иднина.

фото: Europol

Слично

Поврзани вести