По бурните реакции, Инфантино се објаснуваше зошто правел селфи покрај ковчегот на Пеле
Откако имаше бурни реакции во јавноста, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се објаснуваше зошто направи селфи покрај ковчегот на славниот бразилски фудбалер Пеле.
Вели дека критиките го вознемириле и дека се фотографил затоа што блиските на Пеле така сакале.
„Сакам да појаснам дека за мене беше чест што соиграчите и членовите на семејството на големиот Пеле од мене побараа фотографија. Што се однесува до селфито, ме замолија да се фотографираме заедно“, вели Инфатино.
Пеле почина на 29 декември лани на 82 години поради компликации од рак на дебелото црево.
Тој е единствениот трикратен светски шампион во историјата како фудбалер, а воедно и рекордер по бројот на постигнати голови во кариерата (1.279).
Бразилците се бесни на фудбалска ѕвезда Нејмар затоа што не се појави на погребот на најдобриот фудбалер на сите времиња. Почит оддаде само неговиот татко.
Слично
