Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Брегзит се повеќе Британци аплицираат за белгиско државјанство

По Брегзит се повеќе Британци аплицираат за белгиско државјанство

Белгиските власти обработуваат стотици барања за белгиско државјанство, поднесени од Британци, откако на референдумот на 23 јуни Велика Британија одлучи да ја напушти ЕУ, пренесува „Ројтерс".

Во моментов речиси 24 000 Британци живеат во Белгија, една третина од нив се во Брисел. Многу од нив работат во европските институции или во НАТО.

Доминик Дофурни, градоначалник на Иксел (општина во Брисел), раскажува дека во последните неколку дена,  40 лица дошле да ги набават потребните документи.

„Некои луѓе се редат тука за информации уште од 7.30 часот наутро"- изјави таа.

Слична е и ситуацијата и во другите населби на белгиската престолнина.

„Реткост е некој да прашува за државјанство, но од петокот наваму гледаме вистинска експлозија"- раскажува портпарол на предградието Синг Ламбрех-Волове.

Луѓето добиваат право да аплицираат за белгиско државјанство, ако живееле и работеле во земјата над 5 години и имаат основни познавања на некој од трите официјални јазици: холандски, француски или германски.

Слично

Поврзани вести