Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Брегзит повеќе расистички злосторства во Велика Британија

По Брегзит повеќе расистички злосторства во Велика Британија

Советот на Европа изрази загриженост во врска со зголемениот процент на расистички злосторства извршени во Велика Британија во последните години, додавајќи дека поради Брегзит се забележува и значително зголемување на ксенофобичните чувства во земјата. 

Во извештајот, подготвен од Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРН) на советот, кој се базира на информации до март оваа година, се истакнува значајната нетолеранција и  говорот на омраза во политичкиот дискурс на Велика Британија, со фокус на имиграцијата. 

Брегзит доведе до зголемување на ксенофобичните расположенија што треба да ги натера британските власти да преземат мерки. 

Во кампањата за напуштање на ЕУ беше ставен акцент на  миграциската криза и потребата од враќање на контролата врз британските граници.

Покрај негативните критики, сепак, ЕКРН упатува и неколку пофалби кон британската влада за генерално доброто законодавство против расизмот и расната дискриминација во земјата. 

Слично

Поврзани вести