ПО БРЕГЗИТ: Лондон може да ги прошири трговските договори со Индија
Можно е, по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, земјата да ги испита можностите за директни билатерални трговски договори со Индија.
Со тоа ќе се даде поттик на западнатите британско-индиски трговски врски, пишува весникот Hindustan Times, повикувајќи се на сингапурската банка.
„Откако ја напушти ЕУ, Велика Британија многу е веројатно да ги истражува директните трговски договори со други трговски партнери, вклучувајќи ја и Индија. Ова може да се покаже како алтернативен пат за Индија, во споредба со најтешките и одолговлечените преговори со ЕУ за договор за слободна трговија. Пресвртот дава поттик на пасивната британско-индиска трговија"- наведува во извештајот Банката за развој на Сингапур.
Во Велика Британија 15% од стоковата размена е со Индија, но овој индикатор бележи пад.
Се поизвесно е дека Британија ќе има економски проблеми по напуштањето на унијата.
