Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Брегзит, Британија сака пазар со Франција?

По Брегзит,  Британија сака пазар со Франција?

Британската премиерка, Тереза ​​Меј изјави дека сака да ги продолжи тесните економски врски со Франција и покрај гласовите за излез на земјата од Европската унија, пренесе Ројтерс.

„Бидејќи Обединетото Кралство ја напушта ЕУ, ние ќе треба да утврдиме како да ги одржуваме тесните економски односи меѓу нашите две земји"- изјави Меј на заедничката прес-конференција во Париз со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Двајцата изјавија по преговорите во Елисејската палата дека француско-британскиот договор за граничниот режим меѓу двете земји во областа на Ламанш треба да остане во сила и по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

„Париз е подготвен да даде на Лондон некое време за подготовка на преговорите за излегување на Британија од ЕУ, но во интерес на сите страни е оваа постапка да започне што е можно побрзо“ - изјави Оланд.

Не може да има слободно движење на стоки, капитал и услуги, ако нема и слободно движење на луѓе, рече Оланд.

Тој ја повика Британија што поскоро да ја започне процедурата за излез од ЕУ, иако има разбирање дека на Лондон му треба малку време.

Слично

Поврзани вести