Почетна
Економија
Финансии
Македонија
Анализа
Мои пари
Балкан
Свет
Колумни
Интервјуа
Економија, финансии, бизнис
Контакт
info@faktor.mk
070 123 456
Бул. Партизански Одреди 14/2-51
Почетна
Свет
По БИХ и Бугарија, Газпром купува бензински станици и во Ром...
Свет
05 дек 2012
По БИХ и Бугарија, Газпром купува бензински станици и во Романија
Компанијата "Нафтена индустрија Србије" (НИС), чиј мнозински сопственик е руски Газпром, е на чекор од купување на 60 бензински пумпи во Романија од „OMV Петром“, пишува денеска весникот "Адеварул". Со ова Газпром прави мал, но важен чекор за влез на романскиот пазар, посочува весникот.На крајот на минатата недела НИС го објави купувањето на 28 бензински станици на OMV во Босна и Херцеговина, а пред неколку месеци најави дека има намера да купи 40 бензински пумпи во Романија до крајот на годинава и уште 120 до крајот на 2014 година. Есента оваа година српската филијала на Газпром купи три бензински пумпи на Евроил, сопственост на романски бизнисмени. Сега е на пат да купи речиси 60 на Петром, пишува весникот. Во натписот стои и дека со 63 бензински пумпи во Романија, Газпром ќе стане еден од големите синџири, по Петром (550 бензински пумпи во моментов), Ромпетрол (450), Лукоил (300) и МОЛ (133). На локалниот пазар НИС ќе надмине мрежата бензински пумпи Аджип со 37 станици. Ова лето српската единица на Газпром-НИС Петрол купи уште пет бензински пумпи во Бугарија, со што го зголеми својот удел до 0.6% од бугарскиот пазар.
Сподели:
Слично
Поврзани вести
Свет
пред 2 месеци
Процентот на луѓе кои не можат да си дозволат здрава исхрана останува екстремно висок во светот
Свет
пред 2 месеци
Путин потпиша указ за зголемување на руската армија
Свет
пред 2 месеци
Србија би можела да го искомплицира патот на Украина кон ЕУ?
Свет
пред 2 месеци
Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, бил најголемиот загадувач за време на Светското првенство во фудбал - прелетал 108 илјади километри
Свет
пред 2 месеци
Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста
Свет
пред 2 месеци
Граѓаните добиваат ИТНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА! Прогласена вонредна состојба, ситуацијата НАДВОР ОД КОНТРОЛА: „Вакво нешто досега не се случило“