Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО АЗОВСТАЛ, АЗОТ-ДАЛИ Е НА ПОВИДОК НОВА ГОЛГОТА? Под фабриката за вештачко ѓубриво во Северодоњецк има повеќе од 1.000 луѓе

ПО АЗОВСТАЛ, АЗОТ-ДАЛИ Е НА ПОВИДОК НОВА ГОЛГОТА? Под фабриката за вештачко ѓубриво во Северодоњецк има повеќе од 1.000 луѓе

Во Северодоњецк, фабриката за азотни ѓубрива е всушност она што е Азовстал во Мариупол, вели Роман Власенко, шеф на регионалната управа на Северодоњецк, а истото го тврди и руската страна, презентирајќи ги своите аргументи.

„Тоа е многу голема компанија. Во Азот има неколку засолништа и во нив има неколку стотици цивили. „Русите напаѓаат под изговор дека таму наводно се украински војници“, вели Власенко, за украинските медиуми.

Рускиот Национален центар за управување со одбраната, меѓутоа, тврди дека украинските сили се етаблирале во фабриката и дека чуваат повеќе од 1.000 работници и нивните семејства како жив штит, како и дека носат тешко оружје во фабриката за да ги таргетираат проруските позиции.

Во својот најголем подем, фабриката Азот беше еден од најголемите производители на ѓубрива во Советскиот Сојуз. Од 2011 година е во сопственост на Украинецот Дмитро Фирташ, и е дел од  неговата компанија Остем, која ги обединува четирите најголеми украински фабрики за ѓубрива во холдинг компанијата.


Слично

Поврзани вести