По 45 дена владеење Лиз Трас си поднесе оставка
Британската премиерка Лиз Трас денеска си поднесе оставка. Таа е британски премиер кој владеел најкратко. Беше на функцијата само 45 дена.
Изјави дека е разочарана затоа што нејзината економска програма ги шокираше пазарите и ја подели нејзината Конзервативна партија само шест недели откако е назначена.
Проблемите почнаа, вели Би-би-си, кога нејзиниот прв канцелар, Кваси Квартенг, ги заплаши финансиските пазари со својот минибуџет на 23 септември. Фунтата првично ја зголеми вредноста веднаш по нејзиното соопштение, а потоа се врати на околу 1,12 долари. Вториот премиер со најкраток стаж беше Џорџ Канинг, кој служел 119 дена пред да почине во 1827 година.
За една седмица ќе изберат нов премиер. Риши Сунак и Пени Мордоунт, противници кои загубија од Трас на последните избори, како и Џереми Хант, актуелниот министер за финансии се функционерите кои би можеле да ја заменат. Враќањето на екс премиерот Борис Џонсон во политиката не е исклучено, а некои од сојузниците на Џонсон во последните недели тврдеа дека неговото сменување било грешка.
