По 400 дена затвор, Египет го ослободи новинарот на Ал Џезира
По поминати над 400 денови во затворот во Каиро, австралискиот новинар Ал Џезира Питер Гресте е пуштен на слобода. Египетските власти го осудија Гресте на седум години затвор под обвинение за тероризам.
Гресте беше едне од тројцата новинари осудени на седум до 10 години затвор поради неводно невистинито информирање и давање поддршка на движењето Муслимански браќа кое египетските власти го третираат како терористичка организација.
Гресте од Египет замина со авион кон Катар, од каде ќе замине во татковината.
Повеќето Египѓани телевизиската куќа Ал Џезира, која е со седиште во Каиро, ја гледаат како фактор за дестабилизација на земјата, а таквото мислење го поддршуваат и локалните медиуми.
Ал Џезира го поздрави ослободувањето на Гресте и побара итно да бидат ослободени и другите двајца новинари осудени по истото обвинение, Мохамед Фахми и Мохамед Бахер.
Тројцата новинари беа уапсени во Египет на 29 декември 2013 година.
Слично
