Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 35 години во оваа земја повторно имаат кино

По 35 години во оваа земја повторно имаат кино

По цели 35 години во Саудиска Арабија повторно ќе добие кино. 

Населението ќе може да се ужива во филмови на големото платно, а компанијата „АМЦ“ во следните пет години ќе отвори 40 кино сали во 15 градови низ земјата. 

Ова е дел од реформите што ги спроведува принцот Мухамед бин Салман преку амбициозниот проект „Визија 2030“ за етапно враќање на индустријата за забава во ова конзервативно кралство.

И покрај одлуката на властите да дозволат повторно отворање на кино салите големиот муфтија Шеик Абдул Азиз ел Шеик не ја пропушти можноста да го искаже своето мислење дека тоа претставува изопачен вид забава.

Првото кино ќе биде отворено на 18 април со проекција на акциониот филм „Црниот пантер“.

Во 70-тите години во Саудиска Арабија работеа кино сали, но тие беа затворени по барање на тврдокорните исламски водачи.

Слично

Поврзани вести