Економија, финансии, бизнис

Контакт

По три дена спасувачите извлекоа бебе од урнатините, научниците даваат црни прогнози, на преживеаните им останува сѐ помалку време (ВИДЕО)

По три дена спасувачите извлекоа бебе од урнатините, научниците даваат црни прогнози, на преживеаните им останува сѐ помалку време (ВИДЕО)

Спасувачки тим од Унгарија извлече 18-месечно бебе од урнатините во Антакија, Турција, откако беше закопано три дена.

Хелен била пронајдена жива три часа откако спасувачите го извлекле десетгодишниот Мехмет од урнатините. Првите 72 часа по земјотресот се сметаат за критични за пронаоѓање на преживеани.

Просечната стапка на преживување по првите 24 часа паѓа од 74% на 22% на третиот ден. Петтиот ден стапката е само 6%, пишува Sky News.

Вкупно повеќе од 16.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, според новиот извештај објавен од официјални лица и спасувачи.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на загинати може да достигне 20.000. Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести