По 28 дена од урнатините во Турција се извадени четири кученца
Женско куче со три кученца е спасено во Турција 28 дена по разорниот земјотрес.
Сопственикот на кучето Сила, се изненадил кога видел не едно туку четири кучиња како излегуваат од урнатините на зграда во јужната турска провинција Хатај.
Кадир Кејфли oбјасни дека побарал од локалните спасувачи да му помогнат да го извлечат неговото куче од урнатините, но никој не можел да влезе.
По неколку часа работа успеале да стигнат до подрумот каде што било заробено кучето Сила.
„Видоа дека таа не само што преживеа речиси еден месец, туку во меѓувреме роди и три кученца“, раскажува тој.
Кејфли вели дека Сила преживеала и се породила благодарение на големата кеса со храна за кучиња оставена во подрумот. Сила и кучињата се пренесени на лекување во Адана. Спасувачите рекоа дека е слаба, но може сама да се движи. Во Сирија и Турција на 6 февруари имаше силни земјотреси при што загинаа над 52.000 луѓе.
