Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 24 години конечно исчезнатото дете е покрај своето семејство

По 24 години конечно исчезнатото дете е покрај своето семејство

Трагедијата која се случила пред 24 години доби завршница. Брачна двојка од Кина денеска, по 24 години, се сретна со својата ќерка, која исчезнала во 1994 година, кога имала само три години. 

Во текот на повеќегодишната потрага, Ванг Мингчинг почнал да вози такси со надеж дека еден ден неговата ќерка ќе влезе токму во неговото возило.

Брачната двојка, се занимавала се продажба на овошје на тезга покрај пат во југозападниот кинески град Ченгд, а еден ден Ванг останал без ситни пари и отишол на кратко до соседната тезга за да раситни, за да  може да му го врати на купувачот. Откако се вратил,тој не можел да ја најде својата ќерка. Ванг и неговата сопруга, кои имаат уште една ќерка и син, години ја барале Чифенг, но од неа ниту трага. Еден полициски цртач одлучил да му помогне на семејството со што ја нацртал Чифенг како би изгледала како возрасна.

Цртежот станал вирален и  Канг Џинг го видела и забележувајќи колку девојката личи на неа. Потоа таа стапила во контакт со Ванг и направила ДНК тест. Резултатот бил позитивен, Ванг конечно ја пронашол својата изгубена ќерка. 


Слично

Поврзани вести