По 179 дена е регистриран нов случај на коронавирусот во Пекинг
Kинескиот главен град Пекинг регистрира прв случај на коронавирус по шест месеци. Ова е првиот случај по 179 дена, јави Си-Ен-Ен.
Веднаш по првиот, пријавен е уште еден. Се работи за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на инфекција на делта сојот. Сите контакти на заразената двојка се ставени во карантин. За едно деноноќие во Кина се регистрирани 49 нови заразени, додека 86 случаи беа регистрирани претходниот ден.
Слично
