Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 15 години, полуфинале во ЛШ без ниту Меси ниту Роналдо

По 15 години, полуфинале во ЛШ без ниту Меси ниту Роналдо

Катастрофалниот пораз на Барселона против Баерн Минхен од 2-8 од Лигата на шампионите, значи дека за прв пат по 15 години, во ова фудбалско елитно натпреварување нема да настапат двете најголеми фудбалски ѕвезди на 21 век - односно ниту Лионел Меси ниту Кристијано Роналдо.

Пред една неделаРоналдо беше елиминиран со Јувенстус од Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите, додека Меси се прости од елитното натпреварување со дебакл на Барселона во четвртфиналето. 

Така за прв пат од 2005 година нема да има ниту еден од двајцата во полуфиналето на најпрестижното европско клупско натпреварување. .

Дуото до сега по четири пати се закитуваше со титулата европски првак, од кои Меси во сите наврати со Барса, додека Роналдо по три пати со Реал Мадрид и еднаш со Манчестер јунајтед.



Слично

Поврзани вести