ПО 135 ГОДИНИ: „Џонсон и Џонсон“ воведува голема промена, кои се деталите?
Компанијата Џонсон и Џонсон го менува своето препознатливо лого по 135 години употреба.
Промената ќе се однесува на стилот на кој се пишува името на компанијата, па наместо „курзив“, името на брендот сега ќе се пишува со модерен фонт.
Црвената, сепак, ќе остане клучна боја за компанијата бидејќи е „современа боја која зборува за способноста итно да одговори на здравствените предизвици и да го постави темпото“, се вели во официјалното соопштение на компанијата.
Тие исто така додаваат дека новото лого ќе „испорача чувство на неочекуваност и хуманост“.
Иако се работи за голема промена, потрошувачите веројатно нема ни да ја забележат, со оглед на тоа што „курзивното лого“ ќе продолжи да се користи за производи за широка потрошувачка.
Имено, Johnson & Johnson неодамна беше поделена на две компании, едната фокусирана на медицински помагала и лекови, а другата на производи за здравје на потрошувачите, кои работат под брендот „Kenvue“.
Инаку, претходното лого се засноваше на рачно напишаниот потпис на ко-основачот на компанијата, Џејмс Вуд Џонсон, пренесува CNN.
Иако менувањето на логото на компанијата не е ништо ново во светот на бизнисот, тоа сепак доаѓа во време кога брендот се соочува со пресуда за штетноста на пудрата за бебиња.
Имено, судот во Калифорнија донел одлука според која компанијата мора да плати речиси 17 милиони евра (16,8 милиони евра) на болен од рак кој тврди дека неговата болест е предизвикана од нивната пудра за бебиња.
