Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 11 луѓе во светот умираат од глад секоја минута

По 11 луѓе во светот умираат од глад секоја минута

11 луѓе во светот умираат од глад секоја минута. 

Шест пати повеќе луѓе се гладни во споредба со овој период лани, стои во извештајот „Вирусот на глад се множи“, на организацијата која се бори за намалување на сиромаштијата. Во извештајот се додава и дека изминатата година повеќе луѓе умреле од глад отколку од коронавирусот. Од последиците на коронавирусот, секоја минута умирале по седум луѓе. Авганистан, Етиопија, Јужен Судан, Сирија и Јемен се државите кои се соочуваат со најголем недостиг на храна.

Војните се главна причина за гладувањето на луѓето, а според податоците, климатските промени влијаат врз производството на храна на светско ниво. Ценатата на храната на глобално ниво за една деценија е зголемена за 40 проценти. 

Ќе има голем пораст на цените на храна, а милиони луѓе може да останат без оброци со хранливи материи. 

Светската програма за храна на ОН (WFP) излезе со вакво предупредување. Експертите на WFP регистрираа најголемо зголемување на цените на храната на Блискиот Исток.

foto freepik

Слично

Поврзани вести